Промоција на „Стиховерзум“ од Мирослав Трајковски
16 март 2024
- Во галеријата „КО-РА“ вечерва, 16.03 (сабота) во 18 часот ќе биде промовирана книгата „СТИХОВЕРЗУМ“ од Мирослав Трајковски - Мики.
- „СТИХОВЕРЗУМ“ е во издание на „Академска мисла“, а рецензент е проф. д-р Моника Стојанова. Промоцијата и издавањето на книгата е во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028 година.
- Стихозбирката е составена од 41 песна, чии теми, според авторот, се поврзани со љубовта, болката, духовноста, радоста на постоењето, но и тагата со сите реални и имагинарните чувства кои прават еден посебен, свој, автентичен универзум. Оттаму и насловот го носи името СТИХОВЕРЗУМ - односно универзум од стихови.