- Најпозната по хит-синглот „Ништо не се споредува со тебе“ од 1990, напишан од Принс, Шинед О’Конор имаше 10 студиски албуми, а беше и гласна во изразувањето на своите политички гледишта. Засега нема детали за причините за нејзината смрт.
- Во 1992 таа ја скина сликата на папата Јован Павле Втори на американското шоу Saturday Night Live каде настапуваше. Ова заврши со доживотна забрана за нејзини гостувања на NBC и протести на кои беа палени нејзините плочи.
- Во 2018 премина во ислам, земајќи го името Шухада, но продолжи да настапува под своето родено име. Минатата година почина нејзиниот 17-годишен син, најверојатно како последица од самоубиство. По ова таа ги откажа сите настапи во живо.
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.