- Утре (9 јуни) во периодот од 17:00 до 20:00 часот паркот „Авионче“ во Општина Аеродром ќе биде претворен во големо игралиште каде децата и младите ќе можат да се едуцираат, натпреваруваат, другаруваат и забавуваат на настанот „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“.
- „Зошто е важна физичката активност кај децата и младите“ е насловот на мастеркласот кој ќе го модерира Мирослав Кацаров, а негови гости ќе бидат фитнес едукаторите Немања Миловиќ и Даниел Трбогазов. Немања Миловиќ е професор на Факултетот за физичка култура од Нови Сад, интернет сензација и најсподелуван фитнес едукатор на социјалните мрежи. Даниел Трбогазов е локален фитнес инструктор, кој е постојано во мисија да ја подигне фитнес културата во Македонија.
- Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат во народна, џамлии, грабни стапче, граница, сакате ли војна, плочка, влечење со јаже, куќа, ластик и штркот бира боја. Како дополнителни бонус активности ќе можат да учествуваат во трка со балансери, кошаркарски предизвик и креативни работилници.
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.