Од блиску покажи колку ја сакаш Газа

Републикански конгресмени предложија нов закон според кој секој што е обвинет за нелегални активности за време на колеџ протестите за поддршка на Газа ќе биде на шест месеци испратен во Газа.

Протестите се одржуваат во повеќе универзитетските кампуси низ САД, но во неколку од нив тие станаа сериозно насилни заради што имаше и интервенција на полицијата.

Во предлог законот не се наведуваат директно анти-израелските протести или групи, но стои дека конкретно се однесува на незаконските активности на универзитетските кампуси по 7 октомври 2023, дента на упадот на милитантите на Хамас во Израел.

Во него се предвидува дека осудените ќе добијат минимум 6-месечна казна која би ја отслужиле во Газа, каде се уште во тек е израелската кампања за уништување на Хамас и спасување на израелските заложници.

Универзитетските протести во кои се бара од Бајден да престане со помагање на Израел и да се притисне Тел Авив да ги запре своите операции во Газа беа осудени од речиси сите републикански конгресмени, и добар дел од демократите.

13 мај 2024 - 12:42