Продолжете да дремете на интернет, здраво било

Интернет пристапот и неговата употреба е постојано поврзана со позитивна добросостојба на корисникот, тврди истражување на податоци од 168 држави што го прави Оксфордскиот интернет институт.

Дел од резултатите ги потврдуваат и врските меѓу користење на социјални мрежи и симптомите на депресија кај младите девојки, меѓутоа заклучокот е дека севкупно има корист од тоа да се биде на интернет.

Истражувањето на Оксфорд се прави во време кога британската влада размислува за воведување на построги закони за користење и присуство на интернет.

„Ако планираме да го направиме онлајн светот побезбеден за младите, не може само да јуришаме со силни уверувања дека едно решение е добро за сите - треба да се осигуриме дека ќе оставиме простор да ги земеме предвид и заклучоците од анализите на податоците,“ порачуваат од ОИИ.

Нивната анализа опфаќа податоци собрани од 2006 до 2021 за 2 милиони луѓе на возраст од 15 до 99 години, од целиот свет. Заклучокот им е дека луѓето кои имале интернет или активно користеле интернет пријавиле повисоки нивоа на задоволство од животот и општествена добробит.

Во студијата се анализираат осум индикатори на добробит вклучително задоволство од животот, дневни позитивни и негативни искуства и добробит на заедницата. Притоа тие анализираат „мултиверс“ од речиси 34.000 различни статистички модели и збирки на податоци.

Во 85% од случаите се покажало дека врската меѓу интернетот и добробитта е позитивна и статистички значителна. Во 5% била негативна и тоа било најчесто кај млади жени на возраст од 15 до 24 години.

Самите истражувачи признаваат дека и покрај резултатите студијата не може да докаже поврзаност меѓу причините и последиците. Пример можно е само тоа што растот на приходите кој се поврзува со раст на пристапот до интернет, прави луѓето да се чувствуваат подобро.

15 мај 2024 - 13:58