Таг: џаро

Џаро објаснува кој е крив за скандирањето „Ѕинго педер“

За најславното скандирање во историјата на мак фудбал кое стана популарно и во градинки, никој никогаш не го објаснил потеклото. Вината во една прилика ја презеде Џаро. Ќе ви објасни и како додека бил директор на Слога Југомагнат, успеал да ја смири тензијата меѓу Комити и Шверцери.

Три врвни фудбалски стории на Џаро

Замина Велибор Џаровски-Џаро на 75 години. Легенда за сите времиња кога е во прашање темата за местенки и ред други анегдоти поврзани со фудбал, најмногу од времето во Југославија. Издвојуваме три за сега. Неповторлив лик.

Кога Јане му кажал дојава на Џаро од Хрватска

Налетавме на анегдота типична за Џаро кој објаснува како со помош на поранешниот голман на Македонија, Јане Николовски кој бранеше за Славен Белупо сезоната 2006/2007, стигнал до најголема добивка во кладилница.

Како Џаро во класичен пазарџиски стил ја смирил тензијата меѓу Комити и Шверцери?

„Подобро да играме на наместени утакмици, отколку да има клање меѓу навивачите“, гласи тезата на легендарниот Џаро. Остај тоа, него ќе каже и кој е крив за најславното скандирање за Ѕинго.

Ценовникот за шиткање утакмици во Југославија

Ги имаме сумите за опстанок, излез во Европа и за шампион, а ќе ви ги каже најадекватната личност за таа тема. Чисто за помладите, една марка беше околу 30 денари.

Како Џаро средил да има пренос од Звезда во Куп на УЕФА

Во контекст на синоќешниот настап на Црвена Звезда против Хофенхајм, имаме јака случка со Џаро во истото натпреварување, ама кога играле против друг германски претставник. Тоа се тие југословенски финти.

Џаро и најголемиот скандал во југословенскиот фудбал

Местенките во фудбалот не почнаа од Христијан Илиевски, ниту од Лучано Моџи. Тие порано не се правеле за кладилници, туку по принципот „на ти дај ми“ за шампионска титула, опстанок или излез во Европа. Се мешале и моќните политичари, а во оваа историска година Вардар играл чисто.