Дончиќ го возврати ударот, Далас израмни на 1:1

По катастрофалниот пораз на првиот меч од серијата, Денвер Нагетс и направи брејк на Оклахома и ја направи супер интересна пресметката во полуфиналето на Западот.

По чистката од 4:0 над Њу Орлеанс, Оклахома се соочува со прв пораз во плејофот и тоа на домашен терен од 119:110 за израмнување 1:1 во пресметката со Далас.

Предводници на големата победа се Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скока и 7 асистенции и Пи Џеј Вашингтон со 29 поени и 11 скока. Кајри Ирвинг не беше во елемент и мечот го заврши со само 9 поени.

Во поразениот тим Шеј Гилџес се истакна со 33 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Серијата се сели во Далас во следните две кола. 

 
10 мај 2024 - 08:22