Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Мбапе и Меси заедно играат како по ноти, да ти е мерак да ги гледаш. И тоа му одржаа лекција на еден Олимпик Марсеј, кој им е најголема конкуренција за титулата, кој воопшто не е лесно да се добие на гости. 

Избраниците на Игор Тудор синоќа немаа шанси против најјакото напаѓачко дуо на планетава кое приреди шоу на Велодром и им избегаа +8 на табела.

Двајцата фудбалски монструми изрежираа три страшни акции во рок од половина час или поточно од 25 до 55 минута. Сите фудбалски и мајсторски. Преубави за око. Одиме со ред.

Меси влече контра од своја половина, а Мбапе втрчува како шило меѓу тројца. Акцијата е завршена.

Само четири минути подоцна следува нова фрустрација за одбраната на Марсеј. Овој пат Мбапе му враќа на Меси за асистенцијата.

И тоа асистенција кроз нозе

Најубавото за крај, а тоа е дефинитивно асистенцијата на Меси. Не е нормален како да му ја даде на тацна.

Инаку Меси сезонава има страшен дабл дабл учинок од 17 гола и 17 асистенции, а голот против Марсеј му беше број 700, за Барса и ПСЖ. 

Мбапе има 29 гола на 29 натпревари сезонава, а со овие два комада заокружи убава бројка од 200 погодоци за ПСЖ, исто колку што има Кавани и сега се двајцата најдобри стрелци во клупската историја.

Голема беше радоста во соблекувална

27 февруари 2023 - 09:26