Роналдо пак беснееше

Во 31. коло од саудиската лига, Ал Наср на гости го совлада Ал Ахдуд 2-3 со гол на Брозовиќ дури во 90+1’ минута. Кристијано Роналдо претходно го отвори резултатот во 15’ минута а подоцна во текот на мечот доби жолт картон поради тоа што му се извикуваше на судијата.

Ал Наср е втор на табела со 77 бода, дури 9 помалку од неприкосновениот лидер Ал Хилал кој има и меч помалку. 

10 мај 2024 - 12:25