Фабрегас го внесе Комо во Серија А - најраскошниот град ќе има прволигаш после 21 година

Серија А од следната сезона ќе биде уште поубава. После повеќе од две децении се враќа Комо, клуб кој игра на самото најпознато езеро во подножје на Алпите.

Комо е клуб кој игра во необични дресови:

Клуб чија екипа ја води необичен тренер:

Комо е клуб од необичен истоимен град кој од август ќе игра во најдоброто фудбалско друштво во Италија.

Прославата на промоцијата во Серија А во живо ја следеле Тиери Анри (акционер во клубот), Џејми Варди и Денис Вајз (генерален директор на компанијата сопственик).

Ќе биде интересно да се следи овој клуб.

ПРЕД СЕДУМ ГОДИНИ КОМО ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗГАСНЕЛ ПОРАДИ ЖЕНА МУ НА ЕСИЕН

Сезоната 2002/2003 беше последна за Комо во Серија А. Екипата само што се врати во прва лига, веднаш брзо испадна во втора. Испаднаа како претпоследни, беа само пред Торино кој беше последен.

Сопственик на тогашниот Комо беше Енрико Прециози (фамозниот газда на Џенова подоцна кој ги продаде и акциите во овој клуб).

Првата победа во сезоната тогаш ја забележиле дури во јануари 2003-та (2:0 над Рома), а во март ја совладале Болоња 5:1. Но тоа не било доволно да се опстане.

Претседателот Прециози најавувал дека Комо мора да се бори за опстанок во Серија А инаку на клубот му се закануваат други потешкотии.

И бил во право. Екипата без ѕвезди (таму играле актуелниот тренер на Парма Фабио Пекија, Марко Роси, Кристијан Стелини кој му беше помошник на Антонио Конте кај и да беше тренер и петкратниот шампион со Јувентус Никола Аморузо.

Комо набрзо банкротирал, две години по испаѓањето во Серија Б.

Во 2015-та се вратиле од трета во втора лига Серија Б, но преживеале уште еден банкрот. Италијанскиот суд еднаш го исфрлил Комо во Серија Ц поради финансиски проблеми.

Во март 2017-та клубот на аукција го купила амбициозна група основана од Акосуа Пуни (жена на Мајкл Есиен кој играше во Челси) и партнери од Гана. Платиле 237.000 евра и ги купиле сите активи на Комо и веднаш објавиле дека клубот го чека препород.

„Јас и мојот помошник внимателно ги изучуваме можностите на клубот. Ова е прекрасно место кое привлекува десетици илјади луѓе од цел свет. Мислам да создадеме екипа достојна за Серија А. Комо е идеално место кое обединува фудбал, култура и убавина на неверојатниот град“, рекла жена му на Есиен.

Но таа и нејзиниот бизнис партнер го назначиле за тренер некогашниот стопер на Јувентус, Марк Јулиано. Тој претодхно работел само две години во Латина и имал 22 порази на 33 меча.

Јулиано потпишал двегодишен договор но го напуштил Комо после само еден месец. Жена му на Есиен не одговарала на повиците на новинарите, а портпаролот на клубот Џанлука Савоини го презел сиот притисок на 30. јуни 2017-та (денот кога Јулиано си заминал) и рекол:

„Госпоѓа Есиен нè уверуваше дека сите потребни пари ќе бидат префрлени на сметка. Не одговара на повици на новинарите? Не можам да зборувам во име на сопственичката на клубот, но можам да кажам само дека денес е краен рок за потврда на финансиите за новата сезона. Пари уште нема. Ние во клубот сме загрижени но и сигурно во иднината под госпоѓа Есиен.

Ни Пуни, ни Муни. Пари на сметка немало. Италијанската фудбалска федерација отворила случај Комо, а градоначалникот на градот Марио Лучини ветил дека ќе им ги реши проблемите на навивачите: „Никогаш не сум видел толку луѓе во очај. На Комо му се заканува гаснење, јас не ги поддржувам сопствениците ни нивните политики. Требаше трезвено да ги проценат своите можности а не да им даваат лажна надеж на илјадници навивачи. Моите луѓе веќе почнаа да бараат инвестиции, потребни се пари за старт на сезоната. Многу сум разочаран“, рекол тогаш Лучини.

А жена му на Есиен мислела дека преку ноќ ќе се вратат во Серија Б но кога видела дека тоа не е нималку лесен процес, кренала раце. Иако за учество на Комо во Серија Ц во новата сезона требале само 10.000 евра, а жена му на Есиен, Пуни често говорела како „за неа тоа се малку пари“, никогаш не ги извадила од џеп.

Комо набрзо поради долгови, спорови, рочишта, судења, бил префрлен во подолна лига, во Серија Д, а набрзо клубот од ФК Комо бил преименуван во Комо 1907.

СЕГА КОМО ГО ИМА НАЈБОГАТИОТ СОПСТВЕНИК ВО ЦЕЛА ИТАЛИЈА - БРАЌА ИНДОНЕЗИЈЦИ МИЛИЈАРДЕРИ

До 2019-та Комо живеел многу скромно. Клубот неколку месеци не можел ниту да ја отплати тренинг базата, па се зборувало дека екипата тренира надвор од градот. Доаѓале рано наутро да тренираат на лош локален терен, за да се избегне вниманието на локалното население.

Пари за преживување давала локалната компанија Nicastro Group. Но во текот на 2019-та се се сменило кога Комо го купиле двајца богаташи од Индонезија - ги платиле проблематичните 800.000 евра долгови и Комо формално-правно му припаѓа на британскиот фонд SENT Entertainment кој влегува во Djarum Group компанијата на Роберт и Мајкл Хартоно, браќа кои се наследници на огромна империја.

Тие се родени во 1951-ва година кога индонезискиот бизнисмен Ои Ви Хван ја презел компанијата NV Murup и од неа направил прав гигант. Во 1963-та во производственото седиште на компанијата избувнал пожар во кој загинал и самиот сопственик Хван.

Голем дел од имотот бил спасен а целото наследство преминало на неговите синови Роберт и Мајкл. За неколку години тие ги зголемиле приходите и во 2024-та ги има на сите континенти. Тие влегуваат во Топ10 на листата нa Forbes за најбогати луѓе. Роберт е на 79-то место со состојба од 24,5 милијарди долари а Мајкл е на 87-мо место со 23,6 милијарди долари.

Нивната компанија работи со тутун, тоа е основна дејност, но во портфолио на компанијата има и ланец супермаркети, телекомуникации и медиумски компании, финансиски организации. Djarum до 2019-та финансирала во спорт во Индонезија а од тогаш и во Комо кој го купиле.

„Кога доаѓаа, ние им предлагавме на браќата Хартоно првпат да се сретнеме во Милано, но тие настојуваа преговорите да бидат во Комо. Многу скромни луѓе се, веднаш побараа да организираме некое место за средбата подалеку од центарот на градот, некаде надвор. Се сеќавам дека ручекот беше во мало место кое му припаѓа на член на семејството. Преговорите поминаа добро, купувачите претставија интересна стратегија со која Комо може да се развива во тек на неколку години. Ние многу бевме воодушевени од нивниот план зошто клубот секогаш бил културно достоен на нашиот град“, рекол поранешниот градоначалник на Комо Марио Ландрисчина кој тогаш преговарал со браќата од Индонезија.

Браќата Хартоно ветиле дека Комо за пар сезони ќе игра во Лига на шампиони и зборувале исклучително за тековните работи. Ја подобриле инфраструктурата, ги подмириле долговите кон играчите и вработените и првична цел им била да се вратат во Серија Б за две години.

По нивното преземање на Комо, екипата ја водел Марко Банкини, па потоа Џакомо Гатузо (не е роднина со Џенаро) кој го внел Комо од Серија Ц во Серија Б но поради здравствени тегоби, му го отстапил местото на Морено Лонго во тек на сезоната 2022/2023. Комо лани завршил на 13. место а кога сезонава после 12 одиграни кола биле на петто место, компанијата Djarum решила да експериментира - му дала доверба на младиот тренер Сеск Фабрегас, легенда на Арсенал и Барселона кој работел со млади играчи.

Во управата во 2019-та со новите сопственици влегол и некогашниот фудбалер на Челси Денис Вајз кој бил поставен и за директор.

Тој одговара за реконструкција и проширување на стадионот „Џузепе Сингаља“ кој се наоѓа на самиот брег на езерото Комо. И не му било лесно. Темелите на стадионот биле поплавени, се појавила и мувла. Во тек на неколку години Вајз ги решавал проблемите, го уредуал просторот пред стадионот и донел нови спонзори, од партнери за билборди до ексклузивни ресторани. Денис Вајз нема никаква врска со формирање на екипата, тоа го прави извршниот директор Карлалберто Руди.

Иако Вајз бил тој кој го донел Сеск Фабрегас. „Во теорија би сакал да помогнам со играчите, но јас за сега се вртам околу мите задачи. За мене тоа се стадионот, базата, и тоа одзема многу време. Така што моја помош за трансфери ќе биде релевантна само кога ќе ги завршам моите обврски“, рекол Вајз.

На списокот акционери во клубот Комо е уште и Тиери Анри кој помогнал во преговорите со Ојшан Робертс, уште еден тренер во тимот. Анри вложил во Комо уште кога играл во Барселона.

ФАБРЕГАС ДОШОЛ ВО КОМО НА СВАДБА КАЈ ДРУГАР, ПА ЗА МЕСЕЦ ДЕНА СТАНАЛ ТРЕНЕР

На 1. август 2022-ра Францеск Фабрегас станал слободен агент и дошол во Комо на свадба кај пријател. „Повикот од Денис Вајз беше неочекуван. Се знаевме од разни настани кои ги организираше Челси но не сме разговарале до сега. Денис ми предложи да се вратам во Италија за да поразговараме за некоја понуда. Јас не знаев дека е поврзано со Комо. Тогаш мојот агент доби и понуди за мене од САД и Јапонија и ми кажа ако сакам да ја продолжам кариерата таму.

Кога дојдов во Комо, Вајз веднаш ми кажа: „Сеск, знаеме дека се спремаш за тренер. Прекрасната природа тука и услови ќе ти овозможат уште многу уживање во фудбалот а ние ти предложуваме и еден ден да влезеш во нашиот тренерски систем. Ниту еден клуб со кој разговарав не мислеше на мојата тренерска кариера понатаму. Јас долго размислував, иако семејството не беше против преселба во Италија, им се допадна на свадбата во Комо“.

Фабрегас прво потпишал двегодишен договор под услов да стане тренер во стручниот штаб во кој било момент. Некогашниот светски и европски шампион со Шпанија ја искористил таа ставка многу порано отколку што мислеле. Веќе во јули 2023-та станал тренер на Комо У-19, ги водел на 9 меча: 3 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 13:14.

Во ноември станал в.д. тренер на првиот тим по отказот кој го добил Морено Лонго. Правилникот на италијанскиот фудбал не дозволува повеќе од еден месец да се биде в.д. тренер без соодветна лиценца. Затоа Комо формално за главен тренер го назначил Оишан Робертс а Фабрегас од клупата ја водел екипата како дел од стручниот штаб.

„Нема никаков конфликт. Јас продолжувам со обука, многу брзо ќе имам потребна тренерска лиценца. Одлично соработувам со господин Робертс. Има големо искуство и класно го разбира фудбалот. Одличен говорник е, многу ми помага“.

На 10 мај 2024, во петокот Комо одигра нерешено 1-1 со Козенца а главниот конкурент за второто место кое води во Серија А (Парма е прва), Венеција изгуби 2-1 од Специја.

На овој начин Комо заврши втор со 73 бода и оди директно во Серија А во сезона 2024/2025. Третиот патник во А ќе се дознае после сурово тешкиот бараж кој во мај и јуни ќе го играат Катанѕаро, Кремонезе, Венеција, Палермо, Сампдорија и Бреша.

13 мај 2024 - 12:52