Баер Неверлузен - 50

Баер Леверкузен го сомле Бохум на гости 0:5 во 33. коло од германската Бундеслига и покажа дека сезонава му нема рамен. „Аспирините“ освоија шампионска титула, за неколку дена ги чека и финале на германски Куп и финале на Лига Европа. Со победата против Бохум стигнаа до 50. јубилеен натпревар без пораз со што дополнително ја зголемија неверојатната серија без порази!

Со головите на Шик (41’), Бонифејс (45+2’), Адли (76’), Станишиќ (86’), Грималдо (90+3’), Баер Леверкузен го растури Бохум на гости со 0:5.

Верувале или не Баер Леверкузен постигнал 34 гола сезонава после 86’ минута. Интересно, Бохум беше последниот тим кој го совладал Баер Леверкузен пред 352 дена (на 27-ми мај 2023-та година) со 3:0. Тоа беше последен пораз на неверојатниот Леверкузен кој направи чудесна најдобра европска серија во историјата.

Тимот на Чаби Алонсо ја освои шампионската титула со 45 освоени бода на гостувања што е втора рекордна серија зад онаа на Баерн Минхен од 2012/2013 кога Баварците освоиле дури 47 бода на гостински терени.

13 мај 2024 - 09:01