Физичарот Питер Хигс кој покажа како честичките помагаат во поврзувањето на универзумот, почина на 95-годишна возраст во својот дом во Единбург, објавија британските медиуми.
Хигс ја доби Нобеловата награда за физика во 2013 година, за своите истражувања од далечната 1964-та, кои тврдеа дека бозонот помогнал да се „врзе“ универзумот со тоа што на честичките им ја дал масата.
По серија експерименти, неговата теорија беше докажана од физичарите кои работеа во Големиот хадронски судирач во Церн, Швајцарија, во 2012 година.
Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.
Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма од Ревијалната програма и 4 видео-есеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.
Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
„Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.