- Холивудскиот актер Рајан О'Нил почина на 82-годишна возраст. Во 2001 му беше дијагностицирана леукемија, а во 2012 рак на простата.
- Беше најпознат по улогата на Оливер Барет во „Љубовната приказна“ од 1970 година, каде глумеше со Али МекГроу, за што беше номиниран за Оскар и Златен глобус за најдобар актер во драма. Тоа водеше кон други големи хитови како „Зошто татко ти те пушта сама?“, „Месечина од хартија“, „Бери Линдон“ и „Возач“, но неговата слава почна да бледнее со доаѓањето на 1980-тите.
- Неколку пати се женел, но најпозната е неговата долгогодишна врска со актерката Фара Фосет, која траеше од 1979 до 1997 и потоа повторно од 2001 до нејзината смрт во 2009. Неговата ќерка од првиот брак со Џоана Мур, Тејтум (поранешна сопруга на тенисерот Џон Мекинро) беше наградена со Оскар за „Месечина од хартија“ кога имаше само десет години.
- Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
- Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.
- Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма од Ревијалната програма и 4 видео-есеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.
Целата програма тука
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.