- Епскиот филм на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“, ја започна трката за 96-тото доделување на Оскарите што ќе се случи на 10 март, добивајќи 13 номинации. Веднаш зад него следува „Кутри нешта“ на Јоргос Лантимос, кој заработи 11 номинации.
- Во контекст на феминизмот, интересно е што за прв пат во историјата на Оскарите три од десетте филма номинирани во категоријата најдобар филм, Анатомија на падот на Џастин Триет, Барби на Грета Гервиг и Минати животи на Селин Сонг, се режирани од жени.
- 81-годишниот Скорсезе по десетти пат е номиниран за Оскар за најдобра режија, за својот последен филм „Убијците на цветната месечина“. На тој начин стана најстариот номиниран режисер, надминувајќи го рекордот на Џон Хјустон, кој последен пат се бореше за Оскар на 79 години.
- Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
- Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.
- Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма од Ревијалната програма и 4 видео-есеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.
Целата програма тука
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.