- Имало голема акција имало во затворот „Идризово“ во која биле уапсени 17 затворски полицајци, за помагање на осуден убиец да избега од болница.
- Петмина се товарат дека го овозможиле бегството, шестиот дека помагал а и другите 11-мина се поврзани со продолжено кривично дело противзаконито ослободување на лице лишено од слобода.
- Додека осуденото лице било на медицински третман, едно време се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со патничко моторно возило да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при МВР-СВР Скопје.
- Пред неколку дена, полицијата изврши претрес во КПД „Идризово“ и беше јавено дека притоа биле откриени два тунела за бегство.
- Се судрија про-палестински и про-изрaелски студенти во кампусот на Универзитетот на Калифорнија од Лос Анџелес (UCLA) па интервенираше полицијата опремена за разбивање демонстрации.
- Летале боксови и клоци, играле стапови, столчиња и сè што се нашло при рака а градоначалникот вели дека полицијата интервенирала по барање на школото.
- Судирот настанал кај про-палестинскиот камп каде што тој табор дигнале барикади па спротивниот табор дошол да ги сруши.
- Во полициските интервенции во студентските кампуси ширум земјата последниве две недели, досега има над илјада упасени лица. Ретки се универзитетите во кој институцијата и студентите најдоа некое прифатливо решение.
********
- Наумче Мојсоски, актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претходниот директор на агенцијата и Даниел Димевски, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет се на листата од 12 лица за кои денеска е поднесен обвинителен акт во врска со доделувањето на т.н спортски ваучери.
- Во февруари минатата година ДКСК побара кривично да се гони директорот на АМС, Наумче Мојсоски. ДКСК се сомневаше дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.
- Лидер објави дека ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски.
- Каевски се изјасни за невин, обвинувањата ги отфрли како неосновани а се сомнева и во тајмингот на покренување на предметот.