Таг: владимир зеленски

Март или април, рокот за Џонсон да ја спаси Украина

Кога во декември Владимир Зеленски има состанок со спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон е неполни два месеца на таа позиција. Тогаш Зеленски јасно му кажува дека Украина може максимум до март или април да ги издржи руските напади. Џонсон ја донесе помошта за Украина на една недела пред крај на рокот.

Дилемата на Зеленски: како да се соберат нови луѓе за војска?

Од јуни месец Зеленски на маса го има предлогот на украинската армија за мобилизирање на дополнителен број Украинци во вооружените сили. До сега тој го издржува притисокот на војската да го потпише истиот.

Зеленски најави јуриш

Деновиве украинскиот претседател им се обрати на западните лидери убедувајќи ги дека контраофанзивата против Русите кај да е „ќе забрза“ откако главните донатори почнале да се секираат околу бавното темпо на операцијата.

А да кажеше фала?

Поплаката на украинскиот лидер за тоа што земјата не доби никаков конкретен датум за приклучување кон Алијансата му даде шанса на Западот да го направи тоа што најдобро го прави - да биде навреден.

Бахмут ги спука Зеленски и Залужни?

На ниту едно место во Украина до сега не загинаа толку војници и на ниту едно место Русите не се толку упорни со својата „мелница за месо“ тактика и ниту едно друго место не предизвика толку внатрешни дебати во Украина како Бахмут. Германски Билд тврди дека ова го зафати и највисокиот врв на Украина, претседателот на земјата и првиот човек на генералштабот.