Видео

Да знаете како завршува прочуената снимка од Тиенанмен

Кинезот кој храбро стои пред редица тенкови е иконичен симбол на случувањата на плоштадот Тиенанмен во 1989 година. Моќната фотографија беше користена како најава за скорешен „демократски“ преврат во Кина. Има доста работи да се кажат за тоа, што се премолчувани од западниот наратив, но ајде сега само три. Демонстрантите не бараа повеќе демократија туку повеќе комунизам (исто како југословенските 68-аши), тенковите не доаѓаат туку сакаат да заминат од плоштадот а сцената завршува вака.   

Американски педијатри: Доста е!

Американскиот колеџ на педијатри се одважи и јасно порача веднаш да се прекине со социјална афирмација, блокатори на пубертетот, крос-полови хормони и операции за деца и адолесеценти кои се збунети или вознемирени поради нивниот биолошки пол. „Сериозно сме загрижени за физичките и ментални ефекти на постоечките протоколи“, велат тие и поименично ги набројуваат медицинските организации кои ја фураат оваа пракса.

Роберт Фицо проговара

Словачкиот премиер му простува на човекот кој проба да го убие на 15-ти мај, но не и на соросоидните медиуми. Како и пред атентатот, и после него тој потсетува на неговите предупредувања дека хистеријата и наративот на непомирливост што се креираат во земјата, кога-тогаш ќе доведат до такво нешто. И ние имавме хистерии, и ние имавме „непомирливост“, и ние имавме пукање.

Готови сме, се прегреавме

25% од Флорида ќе заврши под вода а американското земјоделство ќе биде принудено да се сели во Канада. Сето ова затоа што ја прегреваме планетата заради озлогласениот CO2 и нашето горење јаглен и нафта. Така вика науката. Само што... ова се предвидувања од 1984 година а Ал Гор, кого го има во прилогот, тогаш имал 34 години. Денес има 76.

Полско пиво, бели колбаси и македонска храна

Што заедничко има македонската кујна со старо полско пиво, фестивал на белите колбаси и журек, моторџии што прават гулаш? Го имаат Гроџиск Великополски, мало прекрасно гратче во срцето на Полска, недалеку од Познањ. Плејмејкер е Роберт Маклович, полска кулинарска легенда, кој гозбата ја крунисува во ресторанот Александрија (Alexandria Kuchnia Macedońsko - Bałkańska). А се разбира и во политичка географија па ќе каже дека Македонија се граничи со Грција.

Лаптопот за кој нè отекоа дека е руски

ФБИ конечно призна дека фамозниот лаптоп на Хантер Бајден е реална приказна. Пред четири години, Твитер и Фејсбук ја цензурираа приказната на Њујорк пост за лаптопот на синот на американскиот претседател, по сугестии дека се работи за руска намештаљка дизајнирана да прави предизборна конфузија. Сето ова време ФБИ змнаеле дека не е така. 20 минутна компилација како се лажеше, и тоа на големо, и тоа од високо. 

Дилан Малвени да се јави во Перу

Не така одамна, оној редикул Дилан Малвени беше во Перу од каде одушевено раскажуваше дека имаш шамански сесии, видел многу лами, луѓето биле добри и пријатни.... „Жално е што човек мора да ја напушти својата земја за да се чувствува безбедно,“ порача Дилан од Перу. Најново: Перу донесе закон со кој транс- сексуалноста се класифицира како „ментално пореметување.“

Некој ќе мрзне, некој ќе копа јаглен

Питер Хиченс троа ги шокираше панелистите на BBC зборувајќи за фарсата наречена „Нет зеро.“ Вика, ние не само што ги затворивме електричните централи на јаглен туку и ги растуривме, убедени дека сме на прав пат. Во меѓувреме Кина гради две такви неделно, а и Индија не е покусо. „Ако ви се живее во земја во која не можете да си го загреете станот, тогаш верувајте дека нет зеро е интелигентно и промислено решение“.  

Кога ќе го запознаете Клаус Шваб и сличните, сфаќате дека се идиоти

Такер Карлсон за (уште малку) првиот човек на СЕФ: „Тој е како стар идиот, се чини и малку сенилен, појма нема што зборува, тотално невпечатлив... Колку подобро ги запознавате, толку повеќе сфаќате дека луѓето кои го водат светот се медиокритети. Кловнови. Викторија Нуланд на пример, онаа која ја започна војната во Украина, а во суштина е глупа, тажна, дебела жена. Блинкен? Не ме зезај....“

Девојката со чајот

Видела таа дека денес можеш да се нашминкаш (и објавиш на мрежи), да скршиш јајце (и објавиш на мрежи) или наостриш молив (и објавиш на мрежи) па слободно да се наречеш „дигитален контент креатор.“ Решава да се напие чај (и објави на мрежи!) при што дава увид во целиот процес: земаш кесичка со чај, ја сечеш, истураш и чекаш тоа да се раствори ко Цедевита. Дигитален контент креатор, него како!

Спиеш ли мирно Еуро 6?

Ова што гореше пред некое време е Газипур депонијата, најголемата депонија на 28 милионскиот главен град на Индија, Њу Делхи. Пожарот не беше ништо невообичаено за Њу Делхи бидејќи секое лето кога ќе дојдат пеколните температури во тамошните депонии избувнуваат пожари. Во меѓувреме ти треба на секои 10.000 км да дотураш Адблу, за да не ти се блокира колата.

Го знаете Марчин?

Од Полска е дечкото и ко октоподот е со тоа прстите по гитарата. Плус, ја користи и перкусионистички, што е особено атрактивно за гледање и слушање (а одамна го има демонстрирано Томи Емануел). Малку нервира со тоа претенциозните фаци што ги прави, ама па никој не е совршен, освен технички, каков што е Марцин. Настап на полувреме на Феникс Санс.

Кој прв ќе попушти?

Како што ќе каже непознатиот автор од интернет „живееме во епизода на Саут парк“, а зборува за тоа што во Филаделфија на улица се судрија Прајд парадата со протестите за поддршка на Палестина.

Нема баш сè на Википедија

Две фасцинантни приказни. Првата за извесна фатална Канаѓанка после која се пишувала најзначајната песна на животот, освен ако не се викаш Џон Белуши за кого Кети Смит била буквално фатална па го ушприцала со последниот негов микс на хероин и кокаин. Втората е за Стив МекКвин кој заради женска спасил глава од лудаците на Чарлс Менсон.

На маркетинг кампањата кратки и се нозете

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Чипотле“ решава да ќари на неброените инфлуенсери и обични корисници на социјални мрежи што го сликаат секој залак што го јадат, со почнување на нова пракса на давање далеку пообоемни оброци на секој што снима дур му се прави јадењето, без тоа никаде да го објави. Е па, луѓе разбраа за фората.

Замислете вака да се насанкате

Најдобите дубари се наједноставни. На жената ова ѝ личеше ок: парите се убави (500 долари) а задачата лесна, да клапне со своите раце под и над раката на овој што ѝ го дава предизвикот. Дури и оној услов, да се прави тоа со затворени очи, звучи логично, инаку би било тоа прелесно за 500 долари. Ај сега погледнете и замислете се себеси така во дуќан. И ве здогледува некој познат.

Пржење на Фаучи

Роастинг на познати фаци е еден од најурнебесните ритуали на американската култура кој тешко да  може да се изведе на други места. Политички еквивалент на тоа се конгресните испрашувања. На тапет дојде главниот плејмејкер на пандемијата, Ентони Фаучи. Му вадеа снимки што рекол, му покажуваа слики како тоа изгледало, му викаа дека е за во затвор. Поштено го спржија.

Машка поддршка

Заедно во брак се многу децении. Неодамна, жената била дијагностицирана со рак на бели дробови и оди на хемотерапија. Го потсетуваат дека од терапијата ѝ е падната косата и жена му сега пробува перики. Се гледаат. Не се сомневаме дека чичкото е добар човек, ама, пусто машко, не додржа да не ѝ каже дека сега личи на Вили Нелсон.

Комшиска ситуација

Помлада и постара комшика, не се познаваат, но помладата е сигурна дека постарата живее сама и дека одамна нема излезено, па за да биде сигурна дека сè е ок, решава да ѝ напише порака на картон: „Се надевам дека сте добро, слободно да ми се обратите за БИЛО ШТО ако ви треба.“ Пораката не остана неодговорена.

Физиката во „Том и Џери“

Сте виделе некоја од ваквите класични сцени во популарниот цртан: Том ќе се џитне во нешто што е полно со вода и додека паѓа и додека е во воздух, Џери ќе фати ќе ја испушти водата па овој ќе тресне на суво. Цепки, освен за непоправлив физичар кој ќе реши да провери дали тоа баш така оди.

И жена знае да жали

36 годишната Далиа Диполито била мажена за љубовта на својот живот само 6 месеци кога полицијата ѝ ја соопштува најлошата вест: дека нејзиниот сопруг брутално е убиен. Ова е снимката од тој емотивен момент. Само што, убиецот кого таа го нарачала бил полицаец. Мажот ѝ е жив и здрав. Додуша и таа е жива и здрава, само на долгогодишна робија. А добра, мајку му!

Како изгледаат овие од интернет, во вистински живот

Реакцијата на извесна госпожа кога ја дознава информацијата дека Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки во обивниението.

Не сум перверзен, ама...

Познаваме ликови кои имаат уште побудалски фетиши од него, ама и ова не е лошо. Дечкото гледа и снима тениски мечеви. Потоа целата неколкучасовна снимка од дуелот ја крати на десетина минути, оставајќи ги само стенкањата и гласните офкања. Најјако е што за крај, самиот се части со аплаузот од публиката. Сега на Инстаграм му бараат да ги сподели снимките.

570 години од падот на Ѕидините на Теодосиј и крајот на Римското царство

Додека западното Римско царство доживува несреќен крај во 476 година, источното Римско царство (Византија) напредува, функционира и издржува уште речиси 1.000 години до 1453 кога турските јаничари ги прекачуваат Ѕидините на Теодосиј и влегуваат во Цариград. Во борбите, на 29 мај 1453 е убиен царот Константин XI и со тоа и официјално престанува постоењето на Римската империја.