Советите на Џенифер Гарнер за жени над 50

Сите новинари што имале некаков контакт со Џенифер Гарнер се паднати во несвест колку е топла и фина. И советите се такви, а за разлика од други совети од други славни жени, овие е достижно да го послушаш.

Џени Џин од PureWow ја има сретнато на дерматолошка конференција на Неутрогена, каде што и двете биле гости, едната како новинарка, другата како заштитно лице.

На прашањето за што не се преговара кога се работи за нега на кожа, Гарнер вели дека освен СПФ, мора да каже хијалуронска киселина. Ја користи како дел од секој чекор во рутината - во чистач, во крема, во крема за околу очи, па дури и во средството за заштита од сонце.

За стареењето вели дека е привилегија и дека многу лесно го забораваме тоа.

„Мислам дека кога ќе споредиме што сме научиле и колку помудри и порадосни стануваме кога старееме, наместо што се случува со лицето и телото, мудроста и радоста се поважни. Нам ни е работа да научиме како да го отклучиме тоа и да се потсетуваме што е можно почесто.

Истовремено, мислам дека да се остане заинтересиран за нештата е она што нè одржува млади. Толку работи има за интересирање, толку патеки за изодување, толку нови нешта за испробување. Да продолжиш да учиш, да среќаваш нови луѓе, да наоѓаш причини да се радуваш.“

Кога би можела една порака да стави на билборд за цел свет да ја види, би било нешто што го има кажано мајка ѝ, затоа што смета дека на сите би им користела нивната мудрост. Додека растела, знаела да ѝ каже:

„Со колку повеќе луѓе ќе размениш поглед и насмевка, толку посреќна ќе бидеш.“

И уште поосвестувачко, и баш како за на билборд:

„Среќата е твоја одговорност.“

А кога сме веќе кај мудрости, еве една најјака, од Дорис Деј, напишете си ја на огледало ако треба, па макар и да немате 20:

„Ништо не е поубаво на 50 од СПФ на 20.“

16 мај 2024 - 00:00