Разно

Блазе си им бе!

Додека Македонија пишти под неиздржливата неспособност на власта и распаднатите институции, додека се бутка во језиви редови за пасоши, лични карти, сообраќајни дозволи, налепници или пак врти по телефони за да закаже термин за истите, додека на луѓе полека им доаѓа од дупе у глава за што тоа си го дадовме името и кај е сега Прибе да ни зборува за заробена држава, на ТикТок се појави видевце за расположението меѓу паствата на Тино Кајшаров.

Химна за бурекот, by Благица Павловска

Раскошната Благица им ода за бурекот (некогаш именуван како бурече), но не како генерички производ туку како конкретен бурек на мајстор Зоки во Престон, Мелбурн. Буречето го продава Вале. Една од строфите има тематска дигресија па нè известува дека таму се пече и прасе (некогаш именувано како прасенце). Хеј, ако можеше Влатко Стефановски да ги опева мекиците на Стража, што па не би можела Благица да го воршипа бурекот на мајстор Зоки? 

Во Мелбурн ќе росе, во Сиднеј се запусти времето

Австралиска телевизија, некаде во 80-тите години, дал во име на инклузивноста или слично, временската прогноза му се препушта на наш човек кој облечен во народна носија, на нашки објаснува какво ќе биде времето утредента. Кога веќе не го следиме стилот на италијанските или бразилските метеоролошки прогнози на телевизија, ова не е лоша идеја и за кај нас. 

Булдожирањето на РЕК Битола

Толку ли е онеспособена државата од внатрешни штеточини, па не знае самата да си купи булдожери и со нив самата да работи, па решила да ги чести приватниците? Ако ова не претставува доволен факт уште утре обвинителството да влезе во РЕК Битола и да ги уапси сите кои учествувале во склучувањето на овие штетни договори, тогаш не заслужуваме да се нарекуваме држава.

Тито за Македонците од Егејска Македонија

Прес конференција во Јајце, 1968 година, со импозантно присуство на новинари од цел свет и љубопитност да се слушне што мисли тој за најрелевантните  прашања на тоа време (замислете да се потегне новинар на Ле Монд до овде за да го праша Ковачевски каков е неговиот став за Хутите?). „Не може да се оправда и одобри грчката политиката на расселувањето на Македонците“, ќе рече Тито. Не вети многу, ама барем не дигна раце, како некои наши половина век подоцна. 

Зошто вака му направивте на дечкото?

Решил да прави тетоважа во секоја земја која ја посетил. Доаѓа во Македонија, седнува на пиво во Скопје и на келнерот му ја објаснува идејата, барајќи да му каже некоја локална фраза со значење.По кратко размислување келнеров му доаѓа со фраза за која го убедил дека значи „да се фокусира на работата“. Немаме таква фраза? Немаме. Ама дечкото има тетоважа на македонски.

Ќе знае ли Пекинг да каже фала?

Го имавме овој мултиталент и порано (барајте го оваа рубрика, лесно ќе го најдете ем ќе откриете што сè сте пропуштиле) но во слава на неговиот барокно раскошен талент, да му ја овенчаме и оваа негова креација. Овојпат фаќа од подалеку, дури од Кина, поточно од „Ч Ч Ч Чајна“. Наместо празни муабети, решава да ја отпее својата гео-стратешка химна, уз Дунавка Трифуновска кореографија.

Психопат ќе откачиш, Северна никако

Од каде си? Од Македонија, вика наша девојка во публика на стендап точка во Франфурт. Ама, дури и дечкото на сцената знае дека ние си го продадовме името, брендот, трејд маркот и дека со Македонија сега располага само Грција. А добар муабет следи после. Нашава од следниот дечко само бара да не биде психопат, пошто веќе одела со еден таков. Погодете од кај бил? 

Десингерица ги миропомаза скопските клинци

Ние разбравме за кој се работи откако некој ни ја услиши молбата „Дај кажете кои се овие, да знаеме да ги мразиме“. Радомир Деспиќ, познат како Десингерица, бил во Скопје, во Привилиџ. Додека возрасните кмишат на Фејсбук, мозгааат политика или фудбалски коефициенти, куп малолетници се журкале на музиката и неговата стандардна точка - да ги мава со патика по глава. Малку им е.

Предизборно молзење на исцрпените крави

Јавното претпријатие Исар од Штип распишале оглас за „референт за пресметување плата,“ нешто што се прави еднаш месечно и може да се изведе во Ексел за пет минути. Македонски железници пак, тој бунар без дно во кое се вработени 1.700 лица за 2-3 воза дневно, имаат оглас, јавен повик за изградба на - деловни простории! Да имаат кај да седат оние кои немаат што да работат.

„Види колку сум глуп“

Се зачитавме една тема „Дали сте забележале дека Реддит е анти-Македонија?“. Освен оние блесави коментари „цел интернет е против Македонија“ (аха, нема друга работа) како и оние поразумни кои викаат дека форумите главно и служат да се биде „анти“, издвоивме еден општо корисен кој потсетува дека да се расправаш на интернет со идиоти е како да играш шах со гулаб. Зошто?

Некому лежарина, некому мрежарина

Замислете Телеком да ви наплаќа пристап до одредена базна станица, за да може да ви ги испорача услугите кои потоа ви ги наплаќа?? Или Макпетрол „да се сети“ да стави рампа на бензинска пумпа и да ви наплаќа 3 евра пристап до пумпата за да наточите гориво?

Усул

Да, сите сме шокирани и огорчени и скршени. Ама, ако може, да не се тркаме кој е попогоден и поужаснат? Мора ли баш секоја мисла што паднала на памет да се бапне на Фејсбук? Веќе не знаеме од кој повеќе ни се лоши, од оние лигавите („Мила Вања, твојот живот не отиде залудно, ти ветуваме дека ова нема да се повтори“) или од оние со крв во очи и пена на уста. Баравме и баравме поинакви, најдовме дури четири. Стишани, со усул.

130 семејни рецепти во „Вкусот на Македонија“

Откако не успеала да најде книга со македонски рецепти каква што барала (на англиски јазик) за подарок, Деспина Кларк решила да го направи она што малкумина би се покренале да го направат - напишала своја книга која се претворила во упатсво како да се јаде како Македонец. Ја има на Амазон и ако Деспина тогаш имала проблем со подарок, вие сега немате. На пример, за новогодишен.

Коста Бургов е еден, календари можат да бидат и два

Лани пишавме: „Малку работи на овој хаотичен свет се стабилни и предвидливи. Гравитацијата, Халелевата комета, фактот дека сè посрање и посрање ни станува Македонија и календарот на Коста Бургов“. Овојпат ќе пишеме само дека за 2024 добиваме дупла доза од добриот човек Коста. Едниот календар е јуниор варијанта, јер кое девојче не би сакало да има свое локално Барбиче со ликот на Коста Бургов на нејзиниот фустан?

Шест години барање правдини

Таа акција беше да се покаже дека сè што следно ќе правиме во државата, или ќе го поддржите или ќе завршите како овие луѓе. Пораката беше јасна, СЕДЕТЕ ДОМА кога го менуваме името, СЕДЕТЕ ДОМА кога ве ограбуваме, СЕДЕТЕ ДОМА и не протестирајте против НАС оти ви следува исто што им направивме на овие луѓе.

Вот д фак на денот

Ќе се најде ли некој (било кој) да ни објасни (било што) околу оваа чудесија од филм со наслов „Концерт за една душа, опус“??? Година непозната, автор непознат, сè непознато... МТВ, Кинотека, се слушаме? Истовремено, го повикуваме нашиот дилер на лесни психотропни супстанци да ни ги пополни залихите, ова „на суво“ апла не се разбира. 

Ноќна мора, апдејт

Овогодинешна емисија со преживеаните од најлегендарната емисија во последните 30 години. Починаа Малнар, Шева, Тарзан, Лаки, Џамбо... преживеани се Брацо Циган, Јаран, Цезар, Анѓа, Дубравка... Два саата е, ама вреди. Ќе дознаете дека Цезар уствари поправа веш машини а дека транџата Анѓа (која бааги има добиено на кубикажа) е против геј паради.  

Не е Србија баш во сè подобра

Пионир версус Витаминка: