Разно

Газа, од Новаци до Витолиште

Појасот Газа во ист размер на картата од Македонија. Би зафатила само еден многу мал дел од Пелагонија, колку од Новаци до Витолиште. Инаку во појасот Газа живеат 2,048 мил. жители, повеќе отколку во цела Македонија (1,84 мил. жители). Густината на населението во Македонија е споредлива со густината во пустината Негев.

Трагичниот континуитет наречен Дурмо

Пред три години објавивме како патнички автобус на овој превозник, година ипол после трагедијата кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе а 30 беа повредени, цепа 100-ка на место каде што максимумот е 80. Еве сега читател ни праќа ново видео од автобус на Дурмо, кој претица на самото излегување од тунел (каде што уште важи ограничувањето на 80), исто со скоро стотка.

Великани познати за Стенфорд, непознати за Македонија

Додека ФБ статусите на Ненад Јовановиќ се поцитирани од трудовите на овие македонски научни великани злистани на Стенфорд, дотогаш Македонија ќе биде тоа што е.

Како би одела отплатата на „Чебрен“ доколку самите инвестираме во нејзината изградба?

Резултатите се вџашувачки и само најголеми недомаќини не би се одлучиле за самостојна градба. Електраната би била отплатена после само 13 години. Домаќинска земја би требало самата да гради производни капацитети, наместо што го раскрчмува националното благо, за потоа да биде зависна од увоз. Пресметките лесно се проверуваат и се бранат. Дали ќе видиме и пресметките на тие што знаат само да распродаваат?

Кај им е сега Брус Вилис?

Едни викаат „Ај аирлија, за многу години нека е” (како да сум ставил терацо за плочките во купатило), други колективно ми ја пеат „падај сило и неправдо”, трети благословуваат „да им се позлати воланот”... Кога ќе прашаш некој од нив од кога тој е на иста страна со терористи, вика: „Абе, знам дека сум говно, ама остај ме да се порадувам”.

Македонија - Италија, со пресврт

Го гледам натпреварот меѓу Македонија и Италија и не можам да верувам. Значи, една земја во која фудбалот е популарен, повторно си дозволува себеси вака да се резили и да расфрла бодови. 

Роко има песна и за машка и за женска популација

„Доктор Роберт Роко Роксан Сошански Казанова“ памти дека го имаме објавено (ние моравме да се потсетиме на тоа, ама ќеиф си направивме) па ни ја понуди неговата нова песна. Зад џониевскиот наслов „Во немир и страст“ Роко тврди дека се крие песна со „ориентален амбиент со примеси на Латино“, песна во која „се поставува фамозното прашање ДА или НЕ.“ 

Ќе ја сфатат ли пораката?

Името да ни го вратите. И парите да ни ги вратите. Народот го осакативте. Нешто ми кажува дека скапо ќе платите. Македонецот се буни, ебате тоа психопатите.

Девојката со акцентите

Како што Дуци феноменално гради карактери а Стеф Кери маестрално гаѓа тројки, така оваа наша девојка феноменално и маестрално гради изговори и гаѓа акценти. Не знаеш во што е повешта, кога зборува англиски (од странци) или македонски (од странци).

Држете среќа да ви се паднат мрзливи џукели

Пушти ја малата, голема е... ќе си рече некој близок до девојчето.... И девојчето ќе тргне, баш тука кај што се собира едно друштво кое, за среќа, во тој момент е во сиеста, фјака, лер... Ама пак бе, шубе е. Само, може ли овде за некој друг проблем да зборуваме, а да не бидат тоа „Бугарите во уставот?“ За да биде шубето поголемо, девојчето излегува од градинка.

Ноќно примирје

Месечината преку крстот на манастирот Свети Ѓорѓи во село Белица, Кичево.

Пица империјата на Илир Села

На кратко и на малку подолго, Илир Села (Дебар, Њујорк) ќе ви ја раскаже својата неверојатно успешна приказна (MyPizza, Slice), платформа за нарачка на пици која соработува со 18.000 независни пицерии од Америка. Нарачуваш пица од локална пицерија во Аљаска, ти се јавуваат дечки од Дебар. Партали прават, секоја чест.

Офтики на новото време

Знаат цензориве дека ваквите пријави се пресмешки и за обвинителство, знаат дека се неосновани, но ете, ја користат таа дупка во системот и целта им е да те позамараат да отидеш до МВР на разговор. Да ти одземат 1 саат од твоето време.

Зошто молчат ресенчани?

Браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!

Нашиот Индијана Џонс има и други таленти

Значи стварно, Господ кога дава - дава (додуша и кога зема е исто, ама другпат за тоа). Уште ерекцијата не ни беше спласната од неговите откритија за сексуалната надмоќ на Преспа, ГПС-от на Рајската градина и не обичното туку преспанско јаболко со кое Ева го прелажа Адама, добри луѓе ни праќаат нови материјали од овој преталентиран човек.

Преспа со нејзините сексови била пред Камасутра

Мислите дека е случајно што многу имиња на места околу Преспа се поврзани со еротика и секс? Љубојно, Горно Дупени... А тоа а е само мал дел од откритијата на овој наш Индијана Џонс кој се консултирал со многу книги, луѓе, соништа и претскажувања.... Вредеше!

Коцката и неговата Бела Чао

На читател му текнало дека едно време имавме објавено нешто од Иван Коцката. Па малку го фатило уплав кога видел колку време поминало од тогаш. Ситница, 9 години. Таман да се освежиме со нешто ново од Коцката, битолчанецот кој живее во Шенжен, Кина. Со една негова супер ведра преработка на Бела Чао.

Иритабилно од Слупчане

Редно е да се чуе и нивната страна. Само, малку резон да се имаше, не ќе беше лошо. Прво, Албанци плаќале повеќе од Македонци (аха, Австријците од ЕВН се маскирани гемиџии). Па после, сите плаќале струја освен социјалните случаи (оној споменикон свè сами социјалки го платија). Трето, тие не можат да влезат во објектот ама некако знаат дека ЕВН внатре исекол кабли - на две места (!?). Слупчане, ај малку поозбилно.

Македонско тешеќур

Неколку видео клипови од радосно и живо изведување македонска народна музика, разлеана по турски џадиња и меани. Како-што- кога, не е ама ич битно. Слушајте и не се снебивајте да си признаете дека ви годи на душата, испостена од серијата себе-понижувања кои ни се оркестрираат пред очи додека демек не ни се верува што ни се случува.  

И ние чизми на таван имаме

Почитувани, Владата донела тивка одлука што е објавена во Службен Весник на Република Македонија бр. 141 од 04. 07. 2023 со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“ и што беше клучна и најголема препрека за добивање на дозвола за експлоатација!

Вонредни вести од Дојран

По радосната вест дека полицијата (тоа се оние што ги гледате главно позади радар за мерење брзина) во бестрашна акција привела 20 посетители на Д Фестивал кај кои нашла супстанци (на 30.000 луѓе тоа се 0.06%), ситуацијата се враќа во нормала. Посетителите можат да почнат да раскажуваат впечатоци, цајканите може да се вратат зад радарите. За полициска акција во Д Грчец немаме инфо.

Нашето овонеделно „амин“

Што ќе се случи ако еднострано ги напуштиме Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија? Ќе не исклучат од НАТО ли? Нема да не исклучат.