Британија со интернет цензурата ќе го стаса Иран

Високи американски функционери побараа од владата на Кир Стармер да го отфрли амандманот за блокада на услугата VPN, со која Британците може да ги заобиколат сè построгите ограничувања за пристап до интернет. Вашингтон предупредува дека тоа би бил прв чекор кон тиранија и дека Британија со степенот на интернет цензура ќе се изедначи со Иран.

Венецуела: Доста ни е од наредби. САД: Пак ќе ве маваме

Еден месец откако Американците ја оставија Делси Родригез да се справува со обезглавената  и поделена држава, таа за првпат крена глас против постојаниот притисок и бескрајните барања на Вашингтон околу нивната нафта. Не чекаше многу за одговор кој дојде од државниот секретар кој ја потсети дека Американците ја сметаат Венецуела за своја бавча.  

96% од царините на Трамп паднале на грбот на Американците

САД заработиле близу 200 милијарди долари од царините на Трамп, но дури 96% од тие пари ги платиле американските граѓани, кои биле принудени да купуваат поскапи производи од увоз. Спротивно на очекувањата, другите земји не ги намалиле цените на производите, туку се преориентирале на други пазари, главно во Европа и Азија.

Речник

Воздухот во Њу Делхи е како да пушите пола кутија цигари на ден

Десетици милиони луѓе во главниот град на Индија секоја зима дишат загаден воздух илустративно измерен како чад од девет цигари на ден. Многу е полошо во индустриските квартови. Експерти пресметале дека очекуваниот животен век на луѓето им е скратен за осум години. Наместо да ги запрат загадувачите, властите прскаат вода од камиони.

Лажната прогресивност бара вистински жртви

Многумина од белите американски прогресивци кои протестираат против единиците за имиграција, едвај да прозбореле со некој од нив, дури и со оние кои работат за нив како чистачи и градинари. Но, бидејќи од мали нозе сите ние сме учени дека против фашизмот вреди и да се жртвува, треба само попат да те убедат дека „тие“ или „оние“ се фашисти. И ете така се гине. Го пренесуваме ставот на Мајкл Шеленбергер.

Јагленот ги спаси Американците од студот

Иако САД со години ги промовираа ветерните централи и сончевите колектори, „гнасниот“ јаглен се потврди како спасител на Американците во критичниот период на историски студениот зимски бран. Не само што термоцентралите обезбедувале доволно струја за греење, туку и ја спасиле од колапс преоптоварената и замрзната електрична мрежа.

Off Topic

Да осетат како им е

Повеќето возачи немаат идеја колку блиску е блиску кога поминуваат покрај велосипедисти. За да го осетат тоа, возачи на автобуси во Мексико се ставаат на статични велосипеди за вежбање, додека автобус проаѓа на сантиметри покрај нив. Не за да се казнат туку за да ја осетат перспективата и ранливоста на другите за која обично не водат сметка, заштитени во големите метални кабини.

Толстој помага да се разбере Европа

Првата реченица во Ана Каренина на Толстој, во оригинал гласи:"Все счастливые семьи похожи друг на друга, каждая несчастная семья несчастна по-своему." На нашки: „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ За професорот Мајкл Кларк, тоа е идеален опис на денешна Европа: збир на семејства, секое несреќно на свој начин.  

Цело време знаеја

Имате институт кој се занимава со експриментирање со коронавируси во Вухан, Кина. Во истото место се појавува нов, дотогаш непознат коронавирус. Не само што не беше дозволено да врзеш два со два, туку секој беше сомнителен ако не верува во приказната со лилјаците. И не е толкав проблем кога политичари лажат (сме виделе), ама кога научниции ќе бидат дел од лагата, тогаш остануваме на бришан простор. 

Чикашкиот Сноупирсер

Градоначалникот на Чикаго постојано ги охрабрува луѓето наместо да влезат во автомобил, да го користат јавниот транспорт на градот. Некој решил да пројде, да сними и да покаже како изгледа тоа. Конкретно, на Сината „Л“ линија, долга 43,3 километри. Мечка страв, мене не страв. Да изгледа вака јавниот транспорт кај нас, ќе биде пиштење-вриштење по Фејсбуци.  

Канје Вест: Ги сакам Евреите

Онаа петарда Канје Вест/ Канје/ Је закупи цела страна во Волстрит журнал за да им ги објасни своите маки на луѓето и да се извини за неговите антисемитски испади. Признава дека од умот се подизгубил и дека долго време се бори со своето биполарно пореметување. Најјако е што коренот на своите проблеми го гледа во тоа што многу одамна, си ја учукал главата а не бил соодветно третиран. Дој кај нас на Клиника. 

Блазе си му на Гренланд

САД се зафатени со силен зимски циклон, од Ново Мексико и Тексас до Нова Англија, кој им го комплицира животот на околу 200 милиони луѓе. Зафатен е и Далас каде изнаврнало меѓу 7 и 12 сантриметри снег. Но, тоа не е ништо за најнапредната технолошка земја на светот (која има и дискомбобулатор). Веднаш извадија силна механизација на терен. Кинезите се фаќаат за глава, на Стојанче лиги му течат....  

Локалности

Net Roulette

Offside

Новак Ѓоковиќ на неочекуван начин ја мина четвртфиналната битка на Австралија опен. Губеше 2:0 во сетови од Лоренцо Музети, кој поради повреда беше приморан да го предаде мечот. „Не знам што да кажам освен дека ми е жал за него. Тој беше далеку подобар играч, а јас бев на пат кон дома. Му посакувам брзо закрепнување и без сомнение требаше да биде победник денес“, изјави Србинот кој во полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Бен Шелтон и Јаник Синер.

Off Café

Bookbox

Авторка на нова книга за „бардот“ тврди дека тој всушност била таа - нејзиното дело било присвоено затоа што општеството било поподготвено да слави „бел машки гениј“ отколку жена драматург, па уште и Еврејка, па уште и црна. 

1.5 милион претплатници и над 150 милиони прегледи, што (велат) е многу кога темата е книги. Дечкото го викаат „библиотекар на интернетот“, има завршено книжевност и е „водечка фигура“ (што и да ќе значи тоа за три месеци или триста години) на БукТок и БукТуб. Неодамна негово видео за „Бели ноќи“ на Достоевски го разбуди Фјодора од зимски сон. 

Формулата зад адреналинскиот „Ф1“

Филмот F1, со Бред Пит и Дамсон Идрис, црпи инспирација од повеќе вистински приказни и личности од светот на трките. Како извршен продуцент и консултант се јавува седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Не се разбираме од Формула 1, но филмот е динамичен и брз (а каков и да биде ако е за вакви трки?) и во комбинација со музиката го крева адреналинот. 

Подарените Нобелови награди: од Хамсун и Гебелс до Мачадо и Трамп

Во политичката симболика постојат гестови што немаат за цел конкретен практичен ефект, туку испраќање порака – создавање слика што треба да го надживее моментот во кој настанала. Во таков клуч денес сè почесто се спомнува венецуелската опозициска фигура Мачадо, која со драматичен и внимателно режиран чин симболично му го подари својот Нобел на Доналд Трамп.

„Влакнеста нога“ - урбаната бразилска легенда оживеана во филмот „Тајниот агент“

Во Бразил со години кружела приказна дека ако излезеш навечер, особено во некои „сомнителни“ маала, може да те нападне грозна, исечена, влакнеста нога. Колку и да звучи апсурдно, токму ова е една од највпечатливите сцени во најновиот наградуван филм „Тајниот агент“, неодамна номиниран и за Оскар во четири категории. 

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното